
Изолациони кровни панели ,,Омега,, се изработени за употреба во стамбеното градежништво како замена за старите покриви од Азбестно – Цементни плочи, но со предности за поголема топлинска и звучна изолација, но и со екстремна леснотија за монтажа и видлив естетски приказ.
За разлика од традиционалната керамида, Омега нема никаква потреба од накнадни одржувања, бидејки е отпорен на сите временски услови.
Брановиден панел со растојание помеѓу брановите од 350 мм – страна према олуците 125 мм (175мм) и страна према врвот 75 мм (175 мм). Ширина на панелот 1.000 мм, составен од:
1. Надворешна страна брановидна
1.1 Челичен поцинкуван лим и обоен
Одговара на нормативите од UNI EN 10326, UNI EN 10237 и UNI EN 10143
Дебелини: 0,50 – 0,60 мм
1.2 Алуминиум обоен
Дебелини: 0,70 мм
1.3 Бакарна легура
Дебелини: 0,60 мм
2. Термичка изолација
Изработена со тврда полиуретанска пена
Средна густина: 39-40 кг/м3
Средна дебелина:
53 мм (минимална дебелина 20 мм – максимална 85 мм)
68 мм (минимална дебелина 35 мм – максимална 100 мм)
3. Внатрешна страна
3.1 Челичен поцинкуван лим и обоен
Одговара на нормативите од UNI EN 10326, UNI EN 10327 и UNI EN 10147
Дебелини: 0,45 – 0,50 мм
- Верзија ,,Агрокопо,, – со фиберглас
- Верзија ,,Монокопо,, – со природен Алуминиум
